|
2.04.2009. |
|
Пролет е. Помина зимата кога требаше да се облечеш малку повеќе за да трчаш. Сега можеш 'лесно' да се облечеш и од одиш на трчање,нели? Во пролет се зголемува денот,а ноќта се намалува. Тоа во превод значи дека имаш повеќе време да трчаш кога е дење. Ретко кој сака да трча во ноќни услови.
|
|
> > >
|
|
|
29.03.2009. |
|
Tи спортуваш редовно. Ти спортуваш за себе. Ти спортуваш за своето здравје. Ти спортуваш за добар изглед. Ти спортуваш за добро расположение. Ти не спортуваш за да бидеш виден/а. Ти спортуваш затоа што ти е убаво. Ти читаш книги за спортот. Ти живееш спортски живот. Ти имаш другар(к)и од спортот. Ти спортуваш и за да се огледаат другите на тебе. Ти спортуваш од мал/а. Ти знаеш дека ќе спортуваш засекогаш. Ти внимаваш на здравата исхрана. Ти немаш пороци. Ти секогаш сакаш да помогнеш во промоција на спортот. Ти си спортист,немаш никаква намера да профитираш од спортот. Ти го сакаш спортот. Ти ги сакаш луѓето. Ти си голем човек. Ти се натпреваруваш со себе,а после и со другите. Ти си фер играч. Ти размислуваш на спортскиот начин. Ти сакаш да пишуваш за спортот. Ти се бориш против злото-со спортот. Ти од секогаш беше на страната на спортот,имаш спортско минато. Ти спортуваш и не се замараш со ништо околу тебе. Ти спортуваш во секакви услови,во секакви околности.
Ти спортуваш затоа што тоа е твојот живот.
Ти си профи и го знаеш тоа.
|
|
> > >
|
|
|
26.03.2009. |
|
Беше во школо. Се врати дома. Одмараше малку. Ручеше и седна да учи. Си ја напиша домашната за утре. Што друго паметно му остана да направи?
СПОРТ.
Се врати од работа. Го доврши ручекот и им подготви на децата да јадат. Одмори малку и ги пружи алиштата. Што друго паметно и остана да направи?
СПОРТ.
Си дојде од факултет. Легна да спие. Ручаше и отиде да учи со другарките. Изморена од учење се врати дома. Што друго паметно и остана да направи?
СПОРТ.
Се врати од состанокот. После тоа отиде на уште еден. Заглави повеќе од планираното. Во меѓувреме беше и на вечера. Што друго паметно му остана да направи?
СПОРТ.
|
|
> > >
|
|
|
21.03.2009. |
|
Зумбул. Цвет. Цвеќе. Највеќе сакам зумбул. Ако се повеќе од еден се зумбули. На пример, 11 зумбули. Зумбулите мирисаат најубаво. Мирисаат и привлекуваат со својот пријатен мирис. Омилени ми се плавите зумбули. Зумбулите се најубави на почетокот. Тогаш мирисаат и најубаво. Ако сакаш да ги мирисаш,направи го тоа на стартот,на почетокот. Не чекај долго време. Може да ја изгубат миризбата. А може и да овенат.Може и да не овенат за другите,да бидат овенати само за тебе.
Беа плави зумбули. Сега е веќе касно. Сега дури и бојата ја смениле. Сега се бели зумбули,но тоа се истите зумбули. Требаше порано да им пуштам водичка. Јас закаснив и сега од зумбулите ми остана само да се сеќавам на нивниот убав мирис. Јас не можам да ги сакам белите зумбули.Тоа не се зумбулите од претходно.
Не чекај зумбулите да ја сменат бојата и од плави да станат бели.Ќе си барам нови зумбули. Плави.
|
|
> > >
|
|
|
20.03.2009. |
|
Трчање еден саат. Средно темпо,како за душа. Последните 10 минути нека биде брзо.
Возење точак нагоре во планина или планинарење во пролет. Супер избор,кој и да биде.
10 серии вратило,6 серии разбој,исто толку склекови и стомачни како за крај....нека бидат 15 серии. Екстра тренинг.
100 шутеви од тројка. 100 и од слободно. Скок шут. 20 двочекори од лево и од десно. Шутерски е,ама добар е.
1,5 км пливање. Сосема доволно. Мозокот на пасење=уживање.
1000 скокови со јаже или 10 серии по 100. Пауза од 1 минута помеѓу серија. Уште 500 на клупа. ТОП!
Прва недела 3. Втора недела 4. Трета недела 5. Четврта недела 6. Петта недела пак 6. Нека бидат повеќе од 3. Најважен е континуитетот во тренирањето. Повеќе од 3 пати во неделата е сосема доволно.
Милион комбинации. Многу избор, најразлични услови,многу предизвици. Желба,задоволство,докажување,потреба,инат....од се по малку или многу...
Убаво е. СПОРТ се вика.Секогаш.Каде и да си...
|
|
> > >
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 91 - 100 од 317 |