|
Полумаратон не е еднакво со маратон. Полумаратон е различно од маратон.
Ете и јас истрчав маратон. Сега можам да дадам мој коментар,моја анализа околу полумаратонот и маратонот.
Значи,според моето искуство,слободно можам да кажам дека полумаратонот (21.097km) и маратонот (42.195km) во многу се разликуваат,а заедничко на овие две дисциплини можеби е само тоа што и двата го содржат маратон во себе. Како што кажува и самиот збор - полумаратон,означува трка која што за половина е пократка од маратонот. Затоа и би препорачал на тие што сакаат да трчаат маратон,претходно да имаат истрчано полумаратон. Со голема желба,правилни тренинзи и соодветна исхрана,секој човек може да истрча полумаратон,па и маратон!
Многу може човек да се излаже ако си размислува дека маратонот не е ништо потешко од полумаратонот. Многу ќе згреши ако си рече: Истрчав полумаратон и сега,уште само толку. Е тоа уште само толку,прави голема разлика. Мислам дека за полумаратон и да не си подготвен доволно,можеш да пробаш и да видиш како е,но за маратон не би препорачал да се обидеш да го трчаш,ако подготовките не се на задоволително ниво.
Според мене,полумаратонот е елегантна трка,каде што можеш да го менуваш темпото на трчање,да забрзуваш и да забавуваш ако сакаш. Можеш и да правиш некои експерименти,кои нема многу да ти влијаат на понатамошното трчање. Но,кај маратонот секој погрешен чекор,секоја непромисленост,може многу да ти влијае и да се каеш заради тоа. Полумаратон можеш да трчаш почесто,а маратонот трчај го само неколку пати годишно,под услов секогаш да бидеш добро подготвен!
Истрчај полумаратон или маратон! Надмини се, совладај ги границите!
|