|
И тогаш решив дека нема повеќе да дигам тегови. Решив дека ќе се посветам малку повеќе на трчањето. Тогаш решив дека ќе продолжам со вежбање,но не и со дигање тегови. Решив дека ќе си вежбам само вежби со своето тело,со сопствената тежина. Некои викаат дека тоа се и најтешките вежби. Да работиш со своето тело,без никакви дополнителни тежини,без тегови. Но,нема многу вежби што можеш да ги правиш на овој начин. Ама затоа можеш да правиш комбинации од нив. Ете,на пример можеш да правиш неколку серии обични склекови,а после можеш нозете да ги ставиш на повисоко и пак да продолжиш со вежбањето! Можеш да си направиш да ти биде интересно.
Еве на пример,можеш еден тренинг вака да го направиш:
- 15 серии вратило ( 5 серии по 8 повторувања од напред со широко фатени раце,5 серии по 8 повторувања од напред со потесно фатени раце и 5 серии од позади)
- 10 серии разбој со зголемување на повторувањата, но не помалку од 6 во серија)
- 10 серии склекови по 15 склека во серија
- 6 серии трицепс со раце на клупа ( 2 со нозе на земја,2 со нозете на друга клупа,не помалку од 15 повторувања во серија)
- 12 серии стомак ( 6 серии за горни, 6 за долни стомачни,не помалку од 30 повторувања во серија)
И? Како ти се гледа? Е да,не е лесен тренингов...ама во ниту еден момент не ти требаат тегови,а резултатите можат да бидат идентични како да си користел тежини...Нели? Тоа е доказ дека ако имаш желба можеш да си оформиш супер тело,без да користиш тегови. Ете,сега нема да можеш да се оправдаш дека немаше пари да платиш за да вежбаш во фитнес клуб. Уште еден доказ дека можеш да вежбаш ама баш кај ќе ти текне...
Тебе треба само да ти текне! Аааа,ти текна ли конечно? Ти текнува??
|