Еднаш неделно имаше трка. Трката беше рано наутро. За трката знаеа сите. Трката немаше парични награди. На трката најмасовни беа вистинските љубители на трчањето. Трката немаше некој посебен натпреварувачки карактер. Тркачите доаѓаа да трчаат, уживаа во самата трка и на крајот се дружеа и разменуваа искуства и мислења од трчањето,но и од други различни теми. Трката немаше многу голем број на учесници,бидејќи таа беше посетувана највеќе од вистинските љубители на трчањето. Ете баш затоа, на трката ги немаше шминкерите и глумците на спортот.
На трката доаѓаа различни видови на спортисти. Имаше планинари, велосипедисти, пливачи, кошаркари, фудбалери, доктори, инженери, уметници.... На трката најредовен беше стариот човек. Тој речиси и да немаше пропуштено трка. Стариот човек трчаше редовно. Понекогаш и вежбаше,а исто така и планинареше и возеше точак. Стариот човек беше пресреќен. Толку многу беше исполнет од самото трчање и никогаш не размислуваше да престане. Секоја наредна трка ентузијазмот и позитивната енергија на стариот човек беше се поголема и поголема. Стариот човек беше вистински пример како треба да се биде стар.
Стариот човек трчаше, а младите луѓе спиеја.
Стариот човек беше стар, но помлад од младите луѓе.
Стариот човек уживаше и им го препушти задоволството на младите луѓе да си го преспијат животот.
Цел. Имаш? Јас имам,а ти? Едно време баш и немав цел,па тоа време не е баш за кажување. Од тоа време може да го кажеме само најважниот заклучок!
Најважниот заклучок: секогаш имај цел! Каква и да е,имај ја! Секогаш имај некоја цел и труди се да ја оствариш. Кога ќе го направиш тоа,постави си нова цел. Кога ќе ја оствариш и таа, зацртај си друга....и уште една и уште....Колку повеќе остварени цели, толку повеќе успеси!
Порано цел ми беше да успеам да спортувам континуирано. Тоа беше мојата животна цел. Мојата цел беше да можам секогаш и во секакви услови да најдам време и место за да спортувам. Независно каде бев и каде ќе бидам. Независно што сум правел и што ќе правам. Тогаш, мојата цел беше да имам време да спортувам постојано. Не тоа да биде една недела или три месеци, туку да можам секогаш да спортувам...ама баш секогаш. Тоа и ми успеа. Ја остварив мојата животна цел и желба. Сега сум среќен и си уживам во убавините на спортот. Сега ги мотивирам и другите да успеат во тоа.
Но, сега си поставив и поголема цел. Овој пат решив да се натпреварувам. Решив да се натпреварувам и да ги победам. Ќе ги победам сите. Ете така решив. А кога веќе решив и кога веќе си поставив цел....и ќе го направам тоа! Не реков дека ќе биде лесно,но ќе успеам. Мора да успеам.
Но, прво треба да завршам една работа. Прво треба да се победам себе си!
Станав рано наутро. Или не. Станав кога се раѓаше денот-во зора или во зори...како се кажува правилно?
Нема врска,важно е дека не бев излезен претходната вечер па си легнав порано. Е баш заради тоа, не спиев до доцна во денот,туку си станав рано,го пречекав денот и решив да си вежбам. Тоа утро решив дека ќе трчам. Утринско трчање...ммммм. А трчање во комбинација со планина-добитна комбинација. Почнав со бавно качување по планината. Постепено го зголемував и темпото на качување. Кога почувствував дека се загреав доволно,дојде време да почнам да трчам. И така си трчав нагоре,па малку надоле,пааа пак нагоре и уште нагоре-се до самиот врв на планината. Додека сите спијат,ти си се качил на врвот! Тие спијат,а твојот тренинг е на половината. Сега на ред се некои фитнес вежби за да биде тренингот комплетен, а задоволството на високо ниво! Чистиот воздух и убавините на планината секако дека ќе придонесат во уживањето и бесплатното задоволство!
Ти си на врвот додека другите спијат. Ти си на врвот,а другите уште не се свесни за себе Ти си на највисоката точка! Ти си таму некаде,високо,високо. Високо,над сите!
Но, не си сам. Заедно со неа си....и убаво ти е! Таа е твојот животен сопатник! Знаеш дека со ништо на светот нема да ја замениш...