Сакаш да спортуваш? Немаш со кого? Немаш мотив за спортување?Мислиш дека немаш време за спорт?
=>WWW.KOKAN.COM.MK<=
Кога се има желба
9.03.2010.
Само уште неколку килограми, и ете ме, со моја идеална тежина. Да, она за кое сонував во последните неколку години, еве има шанса конечно да се оствари. Долго време ми требаше да сфатам дека не е толку тешко. Потешко е да најдеш инспирација, односно да имаш желба, а потоа се е полесно. Желбата е тука, посилна од било кога, ми ја всади авторот на овој сајт К.А., кој дополнително ме мотивира да дојдам до она кое го сакам веќе години наназад. Човекот се појави сосема случајно кога најмалку очекував. Ме виде како трчам, очигледно забележувајќи ја мојата желба да успеам да дојдам до посакуваната цел. Токму онака спортски се сретнавме, иако не знаев многу за него, немав поима дека тој да ти бил лудо заљубен во трчањето. Му кажав дека силно сакам да намалам килограми, а тој направи се да дојдам до мојата идеална тежина. Здрава исхрана, надополнето со трчање, ете ти го успехот. Не можев ни самиот да поверувам колку во крвта ми го внесе трчањето, и направи да ми биде уживање. Кога трчаш треба да се уморуваш, а јас со трчањето сега се одморам. Никогаш не можев да поверувам дека на -7 степени во јануари, јас ќе бидам на кеј трчајќи.
Ме запозна и со неговите пријатели, маратонци. Тоа се супер дечки со кои ти се потребни само пет секунди да ги убедиш да трчаат. Дури и пет секунди се премногу.
Едната моја цел е при крај, втората е настап на полумаратон заедно со сега веќе моите нови другари, маратонци. Сонував да имам идеална тежина, и тоа наскоро ќе стане стварност, сонувам за следната цел, и таа ќе стане стварност, порано или подоцна не е важно. Кога се има желба, и невозможното станува возможно.