|
8.03.2010. |
|
Уште еден одлично организиран полумаратон. Уште еднаш супер екипа за дружење и трчање. Уште една позитивна причина која кажува дека трчањето на маратони е вистински избор. Уште една незаборавна тура низ убавините на Италија и Словенија. Уште една шанса да се трча со илјадници други љубители на трчањето. Уште една можност да видиш толку многу различни луѓе кои имаат една иста цел - да уживаат во трчањето. Уште една добра причина, септември 2009, да остане засекогаш во моите спомени. Уште едно ново восхитување за тоа како може секој да ужива во организација на маратон и од тоа да направи ден за празнување.
1 час 27 мин 30 сек. Пред оваа трка, не сум ни помислувал дека толку лесно може да се истрча еден полумаратон. Тоа беше мојот прв полумаратон каде што можев да финиширам со полна сила. Тоа беше прв полумаратон по кој што заклучив дека мојата форма дефинитивно оди во нагорна линија, а успехот за тоа се вистинскиот тренинг, здравата исхрана и правилен начин на живот! Тоа беше првиот мој полумаратон во кој како од шала истрчав време кое што при сериозен обид не можев да го постигнам само 3 месеци претходно! Тоа беше дефинитивно полумаратонот по кој што решив дека дефинитивно мојата животна определба ќе биде трчањето на вакви манифестации!
Клипчето и сликите го потврдуваат тоа!
Придружи се и ти да трчаме заедно! Направи промена со која уште повеќе ќе уживаш во убавините на животот = спортот!
К.А. = А.К. |