|
Полумаратон околу Плитвичките езера |
|
|
|
|
4.03.2010. |
|
Маратонско трчање кое практично беше и последно за првата половина од 2009. После Плитвице, каде што бевме во јуни, следуваше пауза од маратони и топло лето во кое заслужено ќе одмараме. Сигурно дека и овој полумаратон ќе кажам дека бил еден од најубавите. Под тоа не го подразбирам само трчањето, туку се' заедно, вклучувајќи го патувањето, престојот во Плитвице, неверојатното дружење, разгледувањето на убавините на националниот парк...
Сосема случајно отидовме да трчаме околу Плитвичките езера. Како и секогаш, одлична екипа и уште поубаво туристичко место. Плитвичките езера се фантастично доживување и не случајно се прогласени за реткост и уникатност во целиот свет. Тоа беше и повеќе од доволен предизвик, да отидеме во Хрватска, да уживаме во дружењето со големите спортски имиња од нашиот регион и повторно да уживаме во одлична маратонска манифестација. Плитвице беше само уште една потврда дека мојот живот целосно се промени на поубаво кога станав дел од маратонскиот клуб Делта и кога решив дека трчањето ќе биде моја животна определба!
Тоа беше трка по големи угорнини и удолнини околу езерата. Имаше трка на 16км (со тежина речиси подеднаква на полумаратон) и 42км (слободно може да се каже дека е еден од најтешките маратони во Европа). Целата патека беше низ планините. Дополнителен мотив за супер трчање беа чистиот планински воздух и убавините на езерата кои се гледаа постојано додека трчавме. Спојот на природните убавини заедно со моето најголемо задоволство,спортот, ќе остане засекогаш запаметено и искрено посакувам секој да има вакво извонредно искуство!
Еве некои слики...
К.А. = А.К. |