|
Колку години имаш? А, за колку години се чувствуваш дека си? Дали твоето тело одговара на секојдневните предизвици? Дали со леснотија можеш да ги извршуваш секојдневните задачи и потреби? Дали се јавува среќа на твоето лице кога ќе се погледнеш во огледало? Дали се срамиш кога треба да одиш на плажа? Дали се ограничуваш и не уживаш во некои работи што порано ти причинувале големо задоволство? Дали уживаш во храната што ја јадеш? Дали негативно гледаш на работите? Дали твоето задоволство од психо-физичката состојба е на ниско ниво?
Дали има уште многу вакви прашања на кои твојот одговор не е баш за пофалба?
Дали сакаш да промениш нешто кај себе?
Дали веруваш дека може твојот живот да се промени на подобро ако почнеш да се храниш здраво?
Дали веруваш дека може твојот живот да се промени на подобро ако почнеш да спортуваш?
Дали веруваш дека сум бескрајно среќен со мојата психо-физичка кондиција? Дали веруваш дека бескрајно уживам во својата телесна композиција? Дали веруваш дека храната е едно од моите најголеми задоволства?
Дали веруваш дека спортот и здравата храна ме прават константно среќен?
Дали сакаш да бидеш како мене?
Дали сакаш да бидеш како што навистина посакуваш да бидеш?

К.А. = А.К. |