|
27.02.2010. |
|
... е во среќата! Ако имаш среќа, имаш се'. Затоа, пробај да ја пронајдеш твојата среќа! Таа е тука некаде, околу тебе е!
Јас сум среќен човек. Среќен сум што сум здрав и здравјето ме прави да бидам среќен. Спортот, здравата исхрана и здравиот начин на живот ме прават да бидам исполнет и среќен. Успесите во спортот ме прават уште посреќен. Одличната психо-физичка кондиција на моето тело е она што сум го посакувал целиот живот. Не е лесно да се постигне тоа, но секојдневното задоволство е неверојатно големо. Благодарен сум на сопственото тело што ми овозможува да уживам во животот. Затоа и јас секогаш се трудам со добро да му вратам со тоа што ќе спортувам, ќе јадам здраво и ќе се релаксирам на вистинскиот начин.
Ете, баш затоа, секогаш ќе се обидувам да спортувам и да си ја одржувам формата. Секогаш ќе се обидувам да бидам константен во се' поврзано со спортот. Зошто да престанам со тоа кога знам дека тоа ме прави среќен? Зошто да го изгубам најголемото задоволство? Зошто да ја изгубам среќата? Зошто да ја изгубам смислата на животот?
  
А ти? Што правиш ти за да ја најдеш среќата?
К.А. = А.К. |