|
7.02.2010. |
|
Го навив алармот во 7 часот. Си легнав точно во 1 часот. Се разбудив 5 минути пред да ѕвони алармот. Научно докажано било дека тоа е добар знак. Добро е кога човек се буди пред да заѕвони алармот. Бев среќен заради тоа. Далеку посреќен бев дека тоа утро пак ќе одам да спортувам.
Недела е. За време на викендот обично сите сакаат да поспијат повеќе во споредба со работните денови. И јас сакав така порано. И јас сакав да си поспијам повеќе и никогаш не сум помислувал дека ќе дојде време кога ќе се будам рано наутро, а не сум на работа или пак немам некои други обврски за кои е потребно станување во раните утрински часови. Од кога почнав да трчам малку посериозно, почнав и да станувам рано наутро. Не ми се верува, но веќе не ми е задоволство ниту пак потреба да спијам повеќе за време на викендот! Станувањето рано не го чувствувам ни како обврска. Едноставно така ми е убаво. Да си станам порано, да спортувам нешто и да го 'фатам' денот. Можеби звучи чудно, но чувството е одлично да се разбудиш заедно со утрото!
Разбуди се порано. Не спиј без потреба. Разбуди се и помисли дека и многу други успешни спортисти од различни профили стануваат рано наутро за да уживаат во убавините на спортот, а со тоа да уживаат и во одличната психо-физичка форма.

К.А. = А.К. |