|
6.02.2010. |
|
Поинтересно е! Позабавно е! Побрзо ти поминува времето кога спортуваш во друштво. Можеш да размениш искуства и мислења за спортот додека спортуваш со некого. Можеш да научиш нови работи поврзани со тренингот ако спортуваш со искусен спортист. Можеш да тренираш сериозно, а да изгледа дека се забавуваш кога спортуваш во добро друштво.
Можеш да направиш многу работи за да си уживаш во колективното спортување. Еве еден пример на група ентузијасти кои што трчаа на -7 степени, а се забавуваа и уживаа како да трчаат во идеални услови...
Спортувај во друштво! Убаво е!
....Како сакаш спортувај, но спортувај секогаш!
А.К. = К.А. |