|
26.01.2010. |
|
Се качив на врвот од планината. Во планинарскиот дом се сретнав со мојот пријател - спортист каков што сите посакуваат да бидат! Минатата година трчавме заедно на неколку маратони и тој постигна завидни резултати на спортски план. Toj e вистински пример за останатите луѓе од неговиот профил. Спортист во вистинска смисла на зборот. Непрофесионален спортист, а подеднакво добар со професионалците во наши услови.
''Која ти е целта оваа година? Имаш ли некои конкретни планови?'' - го прашав јас.
'' Немам некоја посебна цел. Сакам само да си ја одржам формата од претходната година!'' - ми одговори тој.
Скромност. Посветеност. Упорност. Предизвик. Уште колку ли само други одлични зборови можеше да се пронајдат во неговата последна реченица! Неговата последна реченица е и мотото на мојот живот. Барем да си ја одржам формата од претходната година! Екстремно тежок предизвик, но вреди да се проба и да се живее таа желба!

Обиди се и ти! Не се откажувај! Направи го тоа што го сакаш на највисоко можно ниво!
А.К. = К.А. |