Сакаш да спортуваш? Немаш со кого? Немаш мотив за спортување?Мислиш дека немаш време за спорт?
=>WWW.KOKAN.COM.MK<=
Истата приказна
16.01.2010.
...се повтори пак. Станав во 7 часот. Се расонив и се измив. Си направив појадок на здрав начин и видов колку покажува термометарот надвор.
Спиев точно 6 часа и 10 минути. Сосема доволно за ноќниот сон. Викенд е. Сите спијат повеќе за време на викендот. Тие спијат повеќе и за време на празникот. Спијат повеќе во секоја можна прилика. Спијат многу и уште им се спие. Не размислиле зошто толку многу спијат? Или можеби си знаат, ама убаво им е така. Убаво им е да спијат по цели денови и пак да им се спие. Убаво им е да спијат многу и поради тоа да кажуваат дека немаат време за ништо друго. Но, тие се тие, а ние сме ние. Јас сум од страната на ние. Јас бев како тие долго време. Но никогаш не е касно да дојдеш од наша! Помалку сме, но не' има. Поубаво ќе ти биде, верувај ми! Тоа можеби нема да го приметиш на почетокот, но крајниот резултат е многу важен. Ќе ти биде убаво да станеш порано. Ќе ти биде убаво да го живееш утрото. Некогаш ќе се дружиш и со зората. Ќе ти биде убаво да спиеш помалку, а да имаш повеќе енергија. Ќе ти биде поубаво во споредба со твоето минато кога спиеше многу.
Истата приказна продолжува понатака.
4 степени, а зима е. Тоа се смешни 4 степени за годишно време како што е зимата. 4 степени кои никако нема да ти ја променат идејата за да трчаш тоа утро. Тоа беше твојот избор. Можеше да избереш да одиш и на планина, на пример. Како сакаш! Изборот е одличен кога веќе одлучи да спортуваш. Можеше да избереш и да спиеш уште дополнителни 6 часа и 10 минути и пак да ти се спие!
Ти честитам на твојата одлука! Конечно реши да направиш уште еден паметен потег за твоето тело. Тоа ќе ти биде многу благодарно и ќе те сака уште повеќе!