|
30.12.2009. |
|
Завршува уште една година. Уште една година која ти помина со спортот. Уште една година во која спортуваше и уживаше во убавините на спортот. Помина уште една година во која што ти трчаше, возеше точак, се качуваше на планина, пливаше, играше кошарка и фудбал, вежбаше во фитнес клуб и внимаваше да се храниш здраво и правилно. Резултатите од се ова беа дека ти беше исполнет/а со среќа, одлично се чувствуваше и имаше супер психо-физичка кондиција. Помина уште една година во која што ти не пиеше апчиња за да престане да те боли главата. Помина уште една година во која што не ти беа потребни никакви антибиотици и лекарства. Помина уште една година во која што твоето тело ни случајно не помисли да се дружи со некој вирус или настинка! Помина уште една година во која што ти можеше да спортуваш во секакви услови: кога врне, кога паѓа снег, кога е екстремно ладно, кога е многу топло. Помина уште една година во која што ти уживаше во убавиот изглед на сопственото тело. Помина уште една година во која што ти работеше, а имаше време и да спортуваш. Помина уште една година во која што ти имаше време за своето семејство, а имаше време и за спортот. Помина уште една година во која што ти наоѓаше време да спортуваш повеќе од 5 пати неделно. Помина уште една година во која што спортот ти овозможи да учествуваш на различни спортски натпревари и да се дружиш со спортистите. Помина уште една година во која што ти запозна нови спортски другари од секакви профили: уметници, доктори, мајстори,инженери...
Помина уште една година во која што ти повторно го донесе истиот заклучок на крајот од годината: идната година ќе биде исто како и оваа. Идната година јас повторно ќе бидам среќен со спортот!
На крајот од годината ти остана да направиш уште нешто! Тебе ти остана да го направиш и последниот тренинг за оваа година. Последниот тренинг со кој ќе ја заокружиш твојата успешна спортска година!
К.А. = А.К.
|