|
20.12.2009. |
|
Во подалечното минатото.
-Горан, станувај!
-Зошто да станам? Колку е саат?
-Станувај брзо, надвор паѓа снег. Ајде да одиме и да си играме на снегот!
-Стварно? Веќе сум станат.....Ииии што е убаво, се е бело!
Во сегашноста.
-Горан, станувај!
-Зошто да станам? Колку е саат?
-Станувај брзо, надвор паѓа снег и се е бело. Ајде да се качуваме на Водно по снегот! И професорот ќе дојде!
-Еј супер, значи доаѓа и Сале! Веднаш тргнуваме!
 
Во иднината.
-Горан, станувај!
-Зошто да станам? Колку е саат?
-Станувај брзо, надвор паѓа снег и се е бело. Сакаш да трчаме на снегот или да планинариме?
-Ајде ќе одиме на планина. Вчера трчавме по снегот, да смениме малку.
|
|
> > >
|
|
|
17.03.2008. |
|
Трката никогаш нема да заврши! Таа продолжува независно дали е за ТАА или е за некој друг! Ако не се тркаш значи не постоиш...Сите се тркаат,затоа тркај се и ти...Ако само седиш и си пасивен,ја губиш трката...не мора да бидеш прв во трката,ама затоа можеш некогаш да водиш...Најважно е да се тркаш....Можеш да правиш и финти,можеш и маневар да направиш само внимавај да не се заплеткаш во своите финти...Некогаш и да сакаш да бидеш прв,не можеш-има многу јаки тркачи...ама има и коњи во трката...Некогаш е најпаметно да не се тркаш и да сеидш од страна...да одмараш....да полниш батерии...и да се вклучиш кога е најбитно...и тогаш да победиш,иако не е најважно да победуваш,најважно е да ја издржиш трката до крај....Трката е многу долга...маратонска трка е и уште повеќе ....маратонска трка на повеќе полиња....
Затоа вежбај,...трчај,...скокај...летај....движи се,...одмарај се...ама не застанувај...учествувај во трката....не се предавај....
|
|
> > >
|
|
|
13.03.2008. |
|
Животот е маратон! Се сеќавам кога бев во средно школо,се нервирав заради професорите кои што сакаа да ме зафркнат. Истото беше и кога се запишав на факултет.Исто така беше,само многу повеќе, кога се вработив!
Заклучок: Ги молам сите луѓе што го читаат сајтов ДА НЕ СЕ НЕРВИРААТ И ДА НЕ СЕ ЗАМАРААТ!
Сега мислам дека конечно го постигнав нивото кога не се нервирам за ништо! Не е баш толку идеално,ама се трудам.Не вреди да се нервираш,барем не вреди во оваа држава. Ама животот ќе те научи.Затоа, животот е маратон,може ќе згрешиш на почетокот ,но ќе се поправиш на крајот! За жал има опција и никогаш да не можеш да ја поправиш грешката! Е таквите грешки мора да се избегнуваат!! Но,тркалото се врти,а тркалото е големо...
Така беше и со Гиле...Тој форсираше на почетокот! Трчаше и не престигна сите! И не само тоа...толку ни избега во трката на Водно што не ни можевме да го видиме кај се наоѓа! НО НЕ ЗА ДОЛГО! Гиле ја изгуби силата и многу лесно го стигнавме на првото брдо и го престигнавме....Гиле лошо го изигра маратонот!
Немој и ти!
|
|
> > >
|
|
|