|
20.06.2009. |
|
И тогаш решив дека нема повеќе да дигам тегови. Решив дека ќе се посветам малку повеќе на трчањето. Тогаш решив дека ќе продолжам со вежбање,но не и со дигање тегови. Решив дека ќе си вежбам само вежби со своето тело,со сопствената тежина. Некои викаат дека тоа се и најтешките вежби. Да работиш со своето тело,без никакви дополнителни тежини,без тегови. Но,нема многу вежби што можеш да ги правиш на овој начин. Ама затоа можеш да правиш комбинации од нив. Ете,на пример можеш да правиш неколку серии обични склекови,а после можеш нозете да ги ставиш на повисоко и пак да продолжиш со вежбањето! Можеш да си направиш да ти биде интересно.
Еве на пример,можеш еден тренинг вака да го направиш:
- 15 серии вратило ( 5 серии по 8 повторувања од напред со широко фатени раце,5 серии по 8 повторувања од напред со потесно фатени раце и 5 серии од позади)
- 10 серии разбој со зголемување на повторувањата, но не помалку од 6 во серија)
- 10 серии склекови по 15 склека во серија
- 6 серии трицепс со раце на клупа ( 2 со нозе на земја,2 со нозете на друга клупа,не помалку од 15 повторувања во серија)
- 12 серии стомак ( 6 серии за горни, 6 за долни стомачни,не помалку од 30 повторувања во серија)
И? Како ти се гледа? Е да,не е лесен тренингов...ама во ниту еден момент не ти требаат тегови,а резултатите можат да бидат идентични како да си користел тежини...Нели? Тоа е доказ дека ако имаш желба можеш да си оформиш супер тело,без да користиш тегови. Ете,сега нема да можеш да се оправдаш дека немаше пари да платиш за да вежбаш во фитнес клуб. Уште еден доказ дека можеш да вежбаш ама баш кај ќе ти текне...
Тебе треба само да ти текне! Аааа,ти текна ли конечно? Ти текнува??
|
|
> > >
|
|
|
Најтешката вежба за стомак |
|
|
|
|
2.04.2009. |
|
Мислиш дека ги направи сите можни вежби за стомачни мускули? Мислиш дека сите вежби ти се лесни? Тогаш обиди се да ја направиш оваа. Според мене,тоа е најтешката вежба при вежбање на стомак или абдомен или мев!
Особено е тешка,затоа што освен тоа што треба претходно многу и долго да го имаш вежбано стомакот,треба да имаш и јаки раце-највеќе подлактиците. Труди се да држиш рамнотежа и да не се клатиш. Грбот треба да биде исправен,а нозете да ги подигнуваш од вертикална до хоризонтална положба,значи за 90 степени обратно од насоката на движење на часовата стрелка!  Ако те болат многу подлактиците, можеби уште не е време да ја правиш оваа вежба и треба повеќе да поработиш на своите раце или да користиш куки(стеги) за да ти биде полесно! Како и да е,не се откажувај и работи на случајот! Ако можеш да направиш 30 правилни повторувања,тогаш секоја чест! БРАВО!
|
|
> > >
|
|
|
6.02.2009. |
|
Значи,да повториме уште еднаш. Не мора да одиш во фитнес клуб за да вежбаш! Не мора да одиш на некое посебно место за да вежбаш,затоа што ти можеш да вежбаш каде ќе посакаш! А каде посака? Можеби е тоа најблиску до твоето место на живеење,а не е дома....у маало?
Епа ајде да вежбаме таму. Ти таму посака.
Епа сигурно е дека таму ќе можеш да правиш вежби кои потсетуваат на вежбањето на разбој. Мала импровизација и голема желба и ќе си направиш супер тренинг. Малку ќе разбиеш монотонија, а повеќе ќе те гледаат комшиите и ќе си мислат 300 работи за тебе.А тебе што ти е гајле што мислат другите,така? Затоа,вежбај си у маало и не се замарај!
Еве 2 примери за тоа што можеш да вежбаш во твоето маало ако таму ја имаш оваа 'справа'.
|
|
> > >
|
|
|
3.02.2009. |
|
Склекови-така ја викаат оваа вежба. Ова е вежба за гради. Зависно како се прави,може да биде како за горниот,така и за долниот дел на градите. Една од најубавите вежби. Основна вежба која треба секогаш да се прави! Вежба која спаѓа во оние вежби кои се прават без тегови,односно се вежба со сопствената тежина. Баш тоа ја прави оваа вежба да биде посебна,тешка и секогаш предизвикувачка. На прв поглед е монотона,но оваа вежба може да се прави на многу различни начини. За почетниците се препорачува да се прави со колената на земја (т.н. женски склекови). Оние кои не се почетници може да ги прават сите варијанти на оваа вежба. Некои примери за тоа се: со нозете качени на клупа,со широко раширени раце,со раце поставени една до друга,со една нога,со широко поставени нозе,со една рака,со потскокнување и слично. Ова е една од ретките вежби која можеш да ја правиш ама баш кај што ќе ти текне,вежба за која не ти се потребни никакви услови-само желбата за спортување. Ова е вежба која може многу да придонесе за поубаво и поздраво тело. Вежбај ги склековите! Вежбај ја оваа 'old school' вежба! Вежбај и постави нови граници.Докажи си себе си,покажи им на другите. Дури можеш и да се кладиш и да лапнеш некоја паричка со склековите.Секогаш пали тоа!
|
|
> > >
|
|
|
Фитнес клуб,теретана,вежбална... |
|
|
|
|
24.01.2009. |
|
....место за вежбање,место каде што си го обликуваш телото,место за расположување,место за спорт и забава,место и за дружење,место за потење,место за упорните,место за цел живот,место за најсилните,место за пример....
Како сакаш можеш да го наречеш! Каде сакаш, таму може да биде твојата теретана! Може да биде и кај тебе дома,може да биде кај тебе у маало,може на планина да биде,исто и на плажа,може да биде пак кај тебе во собата ама кога си на пат некаде...Значи,ТАА Е НАСЕКАДЕ...Можеш да ја најдеш каде и да посакаш,само треба да сакаш да ја најдеш...
Таму одиш за да вежбаш.Одиш да вежбаш за себе,за своето здравје,за своето расположение,за своите предизвици,за своите цели...Таму одиш да вежбаш затоа што ти така сакаше.Таму вежбаш затоа што ти така си избра,никој со сила не те тераше на тоа.Таму си за да вежбаш денес,утре...идната недела...наредниот месец...секоја година...целиот живот....Не одиш таму за еден месец....Ти не одиш таму за да бидеш виден...Ти не вежбаш таму за да те видат во лето на плажа! Ти не вежбаш затоа што некој друг вежба!
Ти вежбаш за себе! Не го заборавај тоа!
Вежбаш и секогаш си упорен во тоа. Вежбаш и си супер пример за твоите другарки кои не вежбале....
|
|
> > >
|
|
|