Од секогаш предизвик во возењето точак било возење на брдо или во мојов случај на Водно! Нема потешко нешто,ама и нема поголемо задоволство кога ќе го видиш Скопје од 1080м и кога ќе ти текне дека си се качил со точакот. Покрај сите убавини,особено се издвојува помислата дека 'за 5 минути сум доле'-демек многу брзо ќе се симнеш.
Епа ај да возиме нагоре,сакаш? Ај додека не сум купил нов точак...уште имаш шанси да победиш...а со новиот-тешко...
KING FOX
Летање со ГАЦ
21.06.2008.
Спортувањето е една од најубавите работи што можеш да ги направиш! Уште поубаво е ако тоа го правиш со добар другар или во добро друштво! Сите спортисти се добри луѓе,секогаш весели и расположени и дружењето со спортистите е секогаш супер!
Вчера ЛЕТАВМЕ со Гац! Но не во вистинска смисла на зборот...летавме од што возевме брзо на Водно! 12 км ги поминавме без да забележиме и се искачивме на врвот на Водно-на светото место-на крстот! Велосипедизмот е фантастична работа,особено кога возиш низ планини,а Водно е една таква планина и штета што луѓето слабо ги искористуваат нејзините убавини!
Ако сакаш другиот пат да возиш со нас,контактирај ме...јави се ...пиши ми! Се гледаме на Водно!
Денес Гац лета во вистинска смисла на зборот...Погледни нагоре,можеби ќе го видиш...
На 31 мај ќе има натпреварување во дуатлон. Трчање од 2 км,потоа возење со велосипед 20 км и на крај трчање од 5км! Дуатлонот ќе се одржува на кејот на реката Вардар во Скопје. Јас се пријавив,а ти? Што чекаш? Ајде лесно ќе биде,не е полумаратон!
Ќе се трчаат 2км од почеток на патеката до мостот кај Луна паркот и назад,а потоа 20 км возење до Александар Палас и назад (неколку пати) и уште 5км трчање на кеј! Полесно здравје! Ајде пријави се!
Се гледаме таму!
Стандардно возење
13.04.2008.
Денес бев на Водно.Официјално ја отворив сезоната со точакот.Од денес па натака,ќе возам често на Водно.Како за отварање на сезоната бев само до средно Водно.Ништо не се сменило.Истите луѓе и оваа сезона возат....На Водно возат вистинските спортисти...
Оваа сезона за мене ќе биде јубилејна...10та сезона како возам...10 години и како го имам точакот...и тој остаре...ама добар е,ме служи како што треба...не се дава,исто како и јас....Денес никој не ме престигна нагоре,ама затоа јас престигнав четворица...Меѓу нив беше и една девојка,...не ја сметам неа...Прв пат ја гледам...Нова е! Ама добро возеше...А имаше и еден дечко што не успеав да го стигнам...А можев,ама требаше да се форсирам многу,а не сакав затоа што ми беше прв пат....