|
Кога бев мал,ги гледав големите како играа баскет у маало. Мене не ме пуштаа да играм-мал сум бил.Така беше тоа во наше маало,предност имаше тој што беше постар.Мене тоа не ми се допаѓаше.Па што ако е постар? Не значи дека е и подобар.Ама правилата тешко се менуваа,владееше законот на посилниот.Ако си постар,логично е да бидеш и посилен од помалиот и да не го пуштиш да игра.Мноооогу ретко и малите добиваа шанса да заиграат.Тоа се случуваше само ако има некој мал,ама да е екстра многу добар.
Јас немав избор и решив да тренирам многу за да успеам да играм со големите и да ги победувам. Играв секогаш,тренирав напорно.На пеколно сонце,на дожд,во темница,рано сабајле,под сенка,на ветер,на минус степени,на кош со мрежа,без мрежа...шутирав,вежбав скок шут,тројки,влезови,финти...учев нови,ги повторував старите...се усовршував...само тоа го правев...Не е лесно да станеш најдобар...Сите ме знаеа по тоа...знаеа дека секогаш играм баскет и дека сум добар во тоа што го правам...Почнав да ги победувам моите врсници,...со текот на времето и големите ги победував....сите....Успеав да си ја остварам желбата...станав најдобар у маало...Но,годините поминуваа,врсниците отидоа по други патишта,па се помалку имаше конкуренција...Сега предизвик беа помладите генерации.Но,напорните тренинзи заедно со искуството беше доволно да се биде на врвот-најдобар у маало....и тоа не само у мое маало....најдобар во сите маала! Не е тоа лесна работа...И така тоа си траеше со години... и години...
Но,веќе не е така...не е како порано...Работите се сменија...Сега не сум најдобар...Има еден што е подобар...Тренираше како мене и уште повеќе...ги надмина и моите граници...и уште ги надминува...Упорноста си го направи своето...Сега е тој најдобар...Толку е добар,што дури и се прашувам дали јас навистина сум бил добар или едноставно немало вистинска конкуренција...
Денес,18ти ноември, му е роденден! Нека му е среќен! Браво Мастиљ!
|