Please install Flash and turn on Javascript.

Почетна

Летај во тандем со мак. рекордер-Гац: 071 248 398

СПОРТ...СПОРТ...СПОРТ...СПОРТ...

...СПОРТ...СПОРТ...СПОРТ...

Сакаш да спортуваш? Немаш со кого? Епа веќе имаш...www.KOKAN.com.mk

Само јави ми се и во секое време ќе имаш друштво за било каков спорт! 

АЕРОБЕН ТРЕНИНГ:

- ПОНЕДЕЛНИК: ТРЧАЊЕ 

- ВТОРНИК: ВЕЛОСИПЕДИЗАМ 

- СРЕДА: ТРЧАЊЕ 

- ЧЕТВРТОК: ВЕЛОСИПЕДИЗАМ 

- ПЕТОК: ТРЧАЊЕ  

- САБОТА: ПЛАНИНАРЕЊЕ 

- НЕДЕЛА: ПЛАНИНАРЕЊЕ  

 

ФИТНЕС ПРОГРАМ:

- ПОНЕДЕЛНИК: РАБОТА СО ТЕГОВИ (ГРАДИ,РАЦЕ,СТОМАК) 

- СРЕДА: РАБОТА СО ТЕГОВИ (НОЗЕ,СТОМАК) 

- ПЕТОК: РАБОТА СО ТЕГОВИ (ГРБ,РАМО,СТОМАК) 

Сакаш да спортуваш? Немаш со кого? Епа веќе имаш...www.KOKAN.com.mk

Само јави ми се и во секое време ќе имаш друштво за било каков спорт! 

СПОРТ...СПОРТ...СПОРТ...СПОРТ...

СПОРТ...СПОРТ...СПОРТ...

 

Регистрација






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
Сакаш да спортуваш? Немаш со кого? Немаш мотив за спортување?Мислиш дека немаш време за спорт?
=>WWW.KOKAN.COM.MK<=
Твојот дел
27.06.2009.

Старт. Сите почнаа. Почна и ти. Овој пат имаш посебен мотив. Овој пат имаш посебна желба и причина. Знаеш дека денес ќе дадеш се од себе. Денес е денот да истрчаш најдобро. Долго се подготвуваше за овој ден. Денот дојде...и ќе помине. Но, што ќе остане од него?

Ако те сликаа,ќе ти остане сликата. Може да ти остане и твојот најдобар резулат,ако го постигна.

Она што сигурно ќе ти текне е дека помина уште еден твој ден како спортуваш. Уште еден твој ден кога направи паметна работа за твоето тело,за твоето срце. Уште еднаш ја направи вистинската работа и се грижеше за твоето здравје,а со тоа ја зголеми твојата радост и твоето задоволство.

Ти си го заврши својот дел. Ти си го одработи своето. Ти спортуваше. Доста беше...за денес! Laughing

> > >
 
Кога да почнеш?
23.06.2009.

Од утре ќе почнам да вежбам. Денес направив план и од утре 100% почнувам.

Да де,требаше денес да почнам ама врнеше и ништо од вежбањето. Утре ќе почнам.

Еј денес нема да вежбам. Ме викнаа на кафе. Нема да имам време. После работа на кафе и кога да вежбам? Ај утре.

Денес не вежбав. Оние ја затвориле теретаната. Празник било. Кај најдоа баш денес да не работат. Јас одлучив да вежбам и види што се случува. Утре сигурно.

Нешто стомак ме боли денес. Лошо сум јаден. Ќе мора да го скокнам вежбањето денес. Утре најубаво ќе биде да вежбам.

Ме гребе нешто грлото. Страв ми е да не се настинам. Не вежбам денес. Утре.

Извини ама денес нема да можам да дојдам. На ТВ има фудбал. Тоа знаеш дека не пропуштам. Вежбањево да го префрлиме за утре,а?

Е како да вежбаме денес? Главата ме искина. 2 апчиња испив до сега. Нема шанси. Ќе си легнам. Ај утре да се чуеме и да се договориме за вежбање.

Денес сакам да вежбам,ама ми откажаа. А сам да вежбам...не е тоа-тоа..Ај утре.

Нема да вежбаме денес. Идам на викенд. Ај ќе вежбаме понеделнички,да ни тргне неделата.

И ова времево не е нормално. Само за спиење е. Ќе спијам нема да вежбам денес. Да оставиме за утре.

.....

10 изговори. 10 оправдувања. 10 лаги. Има и уште,нели?

> > >
 
Едно прашање-многу одговори
21.06.2009.

Тој ја праша: "Зошто вежбаш?"

Таа му одговори:

- за да бидам здравa.

- за да изгледам убаво.

- за да бидам среќна.

- за да имам поголема самодоверба.

- за да се чувствувам исполнето.

- за да бидам пример за другите.

- за да немам негативна енергија.

- за да бидам силна.

- затоа што спортот е најдоброто нешто што може да ти се случи и да трае целиот живот. 

krd.jpg

 

> > >
 
И тогаш решив...
20.06.2009.

И тогаш решив дека нема повеќе да дигам тегови. Решив дека ќе се посветам малку повеќе на трчањето. Тогаш решив дека ќе продолжам со вежбање,но не и со дигање тегови. Решив дека ќе си вежбам само вежби со своето тело,со сопствената тежина. Некои викаат дека тоа се и најтешките вежби. Да работиш со своето тело,без никакви дополнителни тежини,без тегови. Но,нема многу вежби што можеш да ги правиш на овој начин. Ама затоа можеш да правиш комбинации од нив. Ете,на пример можеш да правиш неколку серии обични склекови,а после можеш нозете да ги ставиш на повисоко и пак да продолжиш со вежбањето! Можеш да си направиш да ти биде интересно.

Еве на пример,можеш еден тренинг вака да го направиш:

- 15 серии вратило ( 5 серии по 8 повторувања од напред со широко фатени раце,5 серии по 8 повторувања од напред со потесно фатени раце и 5 серии од позади)

- 10 серии разбој со зголемување на повторувањата, но не помалку од 6 во серија)

-  10 серии склекови по 15 склека во серија

- 6 серии трицепс со раце на клупа ( 2 со нозе на земја,2 со нозете на друга клупа,не помалку од 15 повторувања во серија)

- 12 серии стомак ( 6 серии за горни, 6 за долни стомачни,не помалку од 30 повторувања во серија)

И? Како ти се гледа? Е да,не е лесен тренингов...ама во ниту еден момент не ти требаат тегови,а резултатите можат да бидат идентични како да си користел тежини...Нели?  Тоа е доказ дека ако имаш желба можеш да си оформиш супер тело,без да користиш тегови. Ете,сега нема да можеш да се оправдаш дека немаше пари да платиш за да вежбаш во фитнес клуб. Уште еден доказ дека можеш да вежбаш ама баш кај ќе ти текне...

Тебе треба само да ти текне! Аааа,ти текна ли конечно? Ти текнува?? Wink

k_d.jpg

> > >
 
Задоволство
15.06.2009.

Отиде надвор од својата татковина. Си ги зема сите потребни работи што му требаа за да живее таму. Требаше да остане пола година. Се разбира дека со себе ја зема и желбата за вежбање. Тоа воопшто не е никаков товар. Тоа беше неговиот начин на живот. Ќе му беше тешко ако нема да има услови каде да вежба. Но,тоа не е возможно. Не е возможно да немаш каде да вежбаш.Се останато е лесно кога веќе имаш желба за вежбање. Барем тоа беше нешто што неизмерно многу го имаше. Тоа му беше единственото задоволство што никој не може да му го земе,а освен тоа и бесплатно е! Тоа беше единственото задоволство што го прати целиот живот. Задовослтвото што знае дека никогаш нема да го изневери...

> > >
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 10 од 372
smiley2.jpg
  

 

 

Сакаш да спортуваш? Немаш со кого? Немаш мотив за спортување?Мислиш дека немаш време за спорт?
=>WWW.KOKAN.COM.MK<=



 

Статистика

Членови: 121
Вести: 776
Веб-линкови: 2
Посетители: 468763